19 јули 2024

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивна активност на СВР Скопје и РСБСП

Денеска (19.07.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на Карпош спроведе превентивно едукативна кампања под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“.

Основна цел на проектот е зголемување на сообраќајната култура и почитување на законската регулатива , на сообраќајните правила и прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. На возачите им беа предочени последиците кои можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека возат и со тоа ја нарушуваат својата и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Покрај корисните совети низ директна комуникација со возачите, им беше поделен и едукативен материјал.