17 јули 2024

Превентивни активности на СВР Скопје

Денеска (17.07.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на територија на Гази Баба спроведе превентивно едукативни активности под мотото „Вози одморен“ и „Превенција за заштита од топлотен удар“.

Притоа на возачите на моторни возила и на патниците во возилата им беа дадени совети и препораки за заштита од топлотен удар, а беше укажано и да се прават повеќекратни паузи при патувањата на подалечни дестинации затоа што заморот може да биде причина за сообраќајни незгоди. Воедно, се потсетуваа граѓаните за потребата да бидат добро хидрирани, да носат светла облека, да не користат алкохол пред и за време на управување со моторно возили, да избегнуваат патувања во најтоплите периоди од денот, да практикуваат почести застанувања под сенка за време на патувањето, да не оставаат деца или миленици во автомобилот и други корисни совети.