16 јули 2024

,,Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме шумите од пожари“ – превентивна активност на СВР Велес

Денеска (16.07.2024) од страна на полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Велес, на патниот правец Кавадарци-Мушов Гроб и на излетничко место „Дванаесетте другари“ спроведена е превентивна активност на тема ,,Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме шумите од пожари“.
Во фокусот на оваа превентивна активност се посетители на излетничкото место и граѓани кои се движат на овој патен правец, на кои им се поделени летоци со едукативна содржина во врска со превентивните мерки кои треба да се преземат за да се заштитат од пожари шумите како најголемо национално богатство. При средбите, на граѓаните им била потенцирана потребата за поголема соработка и навремено пријавување во полиција на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, фрлање и палење ѓубре и оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции.
При спроведувањето превентивната активност, граѓаните беа потсетени за донесената мерка од Владата за забрана за движење во шуми и шумски појаси, во времето од 06.00 до 20.00 часот