15 јули 2024

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивна активност на СВР Скопје

Денеска (15.07.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП на територија на скопската општина Центар спроведе превентивна активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“, наменета за возачи на моторни возила. Основна цел на проектот е зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. На возачите им беа предочени последиците кои можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека возат и со тоа да ја нарушат својата и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Покрај корисните совети низ директна комуникација, на возачите им беше поделен и едукативен материјал.