Денеска (15.07.2024) полициски службеници од ОВР Демир Хисар низ централното подрачје на Демир Хисар и излезите од градот реализираа превентивно-едукативна кампања под мотото „Вози одморен" како и „Превенција за заштита од топлотен удар“. Притоа, на возачите на моторни возила и на патниците во возилата им беа дадени совети и препораки за заштита од топлотен удар, да се прават повеќекратни паузи при патувања на подалечни дестинации, како да се однесуваат при високи температури и колку е важен одморот при патување на далечни дестинации.
Полициските службеници ги потсетија патниците на потребата да бидат добро хидрирани, да носат светла облека, да не користат алкохол пред и за време на управување со моторните возила, да избегнуваат патувања во најтоплите периоди од денот, да практикуваат почести застанувања под сенка за време на патувањето, да не оставаат деца или миленици во автомобилот и други корисни информации.