Во рамки на оперативниот план на МВР за безбедна летна сезона, Отсекот за превенција при СВР Битола, вчера(13.07), во соработка со општинската организација на Црвениот крст Битола, во одморалиштето во с.Сливница, ресенско, реализираа показна вежба за правилно укажување на прва помош доколку има случај на давење во водите на Преспанското езеро. Волонтерите на Црвениот крст од Битола одржаа и показна вежба за правилно укажување прва помош при топлотен удар, колабирање, како и изгореници.
Исто така, на посетителите на оваа туристичка локација им беа споделени и препораки за заштита од џебни кражби и кражби на вредни предмети од автомобили.
Во делот на безбедноста на сообраќајот, полициски службеници од ОВР Ресен и ОВР Крушево во текот на вчерашниот ден во централните градски подрачја на Ресен и Крушево реализираа превентивни активности под мото „Вози одговорно, стави појас" како и „Носи кацига", со акцент на малолетните мотоциклисти.
При реализација на активностите беше поделен и едукативен материјал.