13 јули 2024

Превентивна активност на СВР Скопје

Денеска (13.07.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумска полиција, спроведе превентивна активност на подрачјето на ПО Петровец – наплатна рампа „ Петровец“, за превенција од пожари.

Основна цел на проектот е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста, на граѓаните им беа посочени опасностите и последиците од пожарите, кои често настануваат и при невнимание при правење на скара, фрлање на отпушоци и сл. На граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.