Вчера (11.07.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, во соработка со мото клубот „Мечки“ и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта реализираа превентивна активност под мотото „Носи кацига, вози безбедно“.
Полициските службеници, заедно со претставници од мото клубот „Мечки“ во централното градско подрачје во Куманово во непосредна комуникација со мотоциклистите им укажуваа за важноста од носење на заштитна опрема и почитување на сообраќајните правила и прописи.
Целта на оваа превентивна активност е да се даде посебен акцент на младите мотоциклисти и нивните родители за поголемо внимание и грижа кон децата, зголемување на сообраќајната култура, мотоциклистите да се почитуваат како рамноправни учесници во сообраќајот, како и да се влијае да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи (законски одредби, возачка дозвола, заштитна опрема, штетна бучава), како и заштита на малолетници од сторување на прекршоци и кривични дела во сообраќајот.
На мотоциклистите им беа поделени печатени материјали со информативно-едукативни содржини изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта.