Денеска (08.07.2024), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе превентивна активност наменета за возачи на мотоцикли и тоа на подрачјето на општина Центар.
Превентивната активност беше спроведена со цел зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, особено за почитување на законската обврска за возачите на мотори да носат заштитен шлем (кацига), со што се зголемува, пред се, личната безбедност. На возачите им беше поделен и едукативен материјал односно летоци.