07 јули 2024

СВР Скопје со сообраќајна превентивно-едукативна активност на наплатна рампа „Глумово“ под мотото „Носи појас“


На 07.07.2024 година, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе сообраќајна превентивно-едукативна активност под мотото „Носи појас“, наменета за возачите. Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на Општина Сарај односно на наплатна рампа „Глумово“.

Основна цел на проектот е зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

Исто така, на возачите при укажување на потребата од почитување на правилата во сообраќајот за носење на појас им се делеше и едукативен материјал во форма на летоци, а на оние кои носеа појас, како стимулативна мерка им беа поделени маички.