06 јули 2024

„Паркирај совесно, паркирај одговорно“, превентивна активност на СВР Битола

Денеска (06.07.2024) во централното градско подрачје во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен спроведоа превентивна активност на тема „Паркирај совесно и одговорно“. Целта на оваа активност беше да се подигне свеста на граѓаните за совесно паркирање на своите возила, при што им беше укажано дека секој возач не смее да го запре или паркира возилото на место на кое би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот, особено во поглед на движењето на пешаците и велосипедистите.

Исто така, на возачите им беше укажано дека со почитувањето на прописите при паркирањето се намалуваат и останатите прекршоци, со што заеднички придонесуваме за заштита на другите учесници во сообраќајот. За време на спроведување на активноста беа поделени и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП.