02 јули 2024

„Вози одморен, вози безбедно“, превентивна активност на СВР Велес

На 02.07.2024 од страна на полициските службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР-Велес на автопат А-1 Велес-Градско беше спроведена превентивна активност под мото „Вози одморен, вози безбедно“, при што на возачите во непосредна комуникација им беше укажувано за важноста да го управуваат возилото одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се чести причини за предизвикување на сообраќајни незгоди.

Исто така, на возачите им беше укажано за потребата од доследно почитување на законските прописи за управување со возило, задолжителното носење на заштитен појас, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. На возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал наменет за учесниците во сообраќајот.