Денеска (02.07.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе превентивна активност наменета за возачи на мотоцикли. Превентивната активност беше спроведена на подрачјето на општина Чаир во Скопје, со цел зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, особено за почитување на законската обврска за возачите на мотори да носат заштитен шлем (кацига), со што се зголемува, пред се, личната безбедност. На возачите им беше поделен и едукативен материјал односно летоци.