Денеска (23.06) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Национални шуми и Шумската полиција, спроведе превентивно едукативна кампања под мотото “Лето без пожари“.
Едукативно превентивната активност беше спроведена на подрачјето на Полициското одделение Сарај, во близина на наплатна рампа Глумово, а основна цел на проектот е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
За време на активноста беше посочено на зачестеното палење на шумите при правење на скара, фрлање на догорчиња и воопшто за опасностите од предизвикување пожари од невнимание. На возачите им беше поделен и едукативен материјал.