21 јуни 2024

Превентивни активности на СВР Битола за побезбеден сообраќај

Денеска (21.06.) Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со РСБСП, спроведе превентивни активности под мотото – „И јас и ти сме пешаци“ и „Вози велосипед". Активностите беа спроведени во Битола со цел зголемување на сообраќајната култура кај учесниците во сообраќајот во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сообраќајната сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.