20 јуни 2024

Превентивни активности на СВР Битола

 Денеска (20.06.) во рамки на планот на МВР за безбедна летна сезона 2024 година, во Крушево, во централното градско подрачје, како и во градскиот парк, беше спроведена превентивна активност под мото: - „Сигурноста и безбедноста на граѓаните-наша обврска“ а посветена на превенција и заштита од кражби.

Преку непосредни разговори со граѓаните, полициските службеници споделија совети за заштита од сторителите на кривични дела, а на граѓаните им поделија и летоци со едукативна содржина. Исто така денеска, и полициската станица за сообраќај при ОВР Ресен во соработка со РСБСП се вклучи во спроведување на сообраќајно превентивно едукативна активност под мотото „И јас и ти - сите сме пешаци“.

Активностите се реализираа на подрачјето на општина Ресен со основна цел зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. На граѓаните им беа поделени и информативни летоци.