Денеска (18.06.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе сообраќајна превентивна активност под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“ наменета за возачите.
Едукативно превентивната активност беше спроведена на подрачјето на општина Аеродром односно на булеварот „Јане Сандански“, а основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура кај возачите во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Исто така, на возачите покрај непосредното укажување и комуникација околу тематската едукација, им беше поделен и едукативен материјал, односно летоци со информативни содржини изработени во соработка со РСБСП.