Полициски службеници од ОВР Крушево при СВР Битола, денеска (18.06), на повеќе локации кои водат кон шумските предели и излетничките места, особено во близина на населени места на подрачјето на Крушево, реализираа превентивни активности во рамките на проектот - „Заштита од пожари“ а посветени на превенцијата и мерките за заштита од шумски пожари и заштита од бесправна сеча на шуми.
Преку делење на летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“, како и во непосредна комуникација со граѓаните, полициските службеници укажуваа за законските санкции во поглед на предизвикувањето на пожари и во поглед на бесправното сечење на шумите, а секако и за потенцијалните штети што тие може да ги предизвикаат за животната средина и шумскиот фонд.
Покрај ова, полициските службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот при ОВР Ресен во текот на денешниот ден, во Ресен и излезите од градот со возачите на моторни возила реализираа превентивни активности под мото: „Вози одморен" и „Користи појас".