15 јуни 2024

Децата од основното училиште „ Милто Гура“ од кичевското село Шутово во посета на Полициската станица Кичево

 

Вчера (14.06.2024 година), ученици од подрачното одделение на основното училиште „ Милто Гура“ од кичевското село Шутово ја посетија полициската станица во состав на ОВР Кичево. Притоа, најмладите разгледаа дел од работните простории на полициските службеници, дел од службената опрема и службените возила кои се користат во извршувањето на секојдневните полициски задачи. Низ интеракција, децата беа запознаени со основните мерки за безбедност, посебно кога се учесници во сообраќајот како пешаци или велосипедисти.