Денеска (11.06.2024), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општински сојуз на училишни спортови организираа велосипедска трка на локален пат во Зебрњак, кумановско, за ученици од основните училишта во Куманово.
Целта на овие натпревари е да им се пренесе пораката на младите дека преку игра, дружење и меѓусебно почитување ќе имаме побезбедна заедница. На најуспешните им беа доделени медали.