Денеска (09.06) од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Богородица“, на граничниот премин Богородица беа поделени информативни летоци во кои се содржат важни информации кои можат да им помогнат на патниците да се подготват предвреме и да ги избегнат долгите чекања на граничните премини. Во летоците се наведени сите потребни документи кои патниците треба да ги имаат со себе, како и совети за тоа како да се организираат за побрзо и поефикасно преминување на границата.
Притоа особено се нагласува дека е од посебна важност е патниците да ги следат инструкциите и препораките на полициските службеници и на тој начин и тие со своето поведение да придонесат за намалување на времето на чекање и за побрз протокот на сообраќајот. Дополнително, граничната полицијата ги советува патниците да ги проверат своите документи пред да тргнат на патување и да се осигураат дека ги исполнуваат потребните услови за преминување на границата.Со овие превентивни и едукативни мерки, РЦ за ГР ЈУГ се стреми да обезбеди пријатно и безбедно преминување на патниците за време на патувањата во текот на летната туристичкa сезона.
Marija