09 јуни 2024

Превентивна активност СВР Битола


Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола завчера (07.06) реализираа превентивно-едукативна активност со учениците од основното училиште „Даме Груев“ во Битола. Притоа, беа спроведени едукативни предавања на темите: „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога.
 
Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците од насилството меѓу младите, и за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, опасностите што демнат односно како навремено да ги препознаат и превенираат.  
Покрај ова, Отсекот за превенција при СВР Битола во градскиот пазар во Битола реализираше и превентивна активност во насока на заштита на граѓаните и трговцитеод кражби и измами. При реализацијатана активноста беше поделен и едукативен материјал со информации важни за превенирање од имотните деликти.