06 јуни 2024

Превентивни активности на СВР Велес

 Денеска (06.06.2024) во општина Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција во соработка со Општинскиот совет за превенција од детско престапништво одржаа трибина на тема „Заштита од злоупотреба на дрога“. Целна група беа ученици од средните општински училишта и ученици од деветто одделение од основните општински училишта.

На трибината предавање со презентација на темата одржа психолог Тоше Ључков, а претставници од Отсекот за превенција при СВР Велес, со практични примери од полициските искуства во работата со овие социо-девијантни појави, им беа претставени штетните последици од зависностите, вклучително и законските последици што произлегуваат од нив, како и начините и методите кои треба да ги користат и применуваат во справување со овој вид на појави.

Во основното општинско училиште „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци беше реализирана едукативна работилница со учениците од прво одделение на тема „Безбедноста на децата во сообраќајот“ и „Полицијата и децата се дружат“. Притоа, на учениците им беа објаснети правилата и законските прописи во сообраќајот и како да се однесуваат како учесници во сообраќајот. Исто така, на децата им беше објаснето значењето на хоризонталната и вертикалната сигнализација, а во службените простории на ОВР-Кавадарци им беше презентирана и опремата која ја користат полициските службеници при секојдневното извршување на работните задачи.