04 јуни 2024
Полицијата во служба на граѓаните – превентивна активност на СВР Куманово
Денеска (04.06.2024), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово организираа посета во просториите на СВР Куманово за деца од градинката „Ангел Шајче“ Куманово. За време на посетата децата имаа можност да се дружат со полициски службеници и да се запознаат со основните средства за работа на полицијата. Ваквите активности имаат за цел градење на сообраќајна култура и безбедност во сообраќајот од мали нозе, а пред се градење на доверба на младите во работата на полицијата..