На 31.05.2024 полициски службеници од ОВР Берово спроведоа превентивна активност на тема „Заштита од семејно насилство“ во центарот и околните улици во с. Двориште, беровско. За време на активноста реализирани се непосредни средби со граѓаните во текот на кои тие беа информирани од страна на полициските службеници за тоа што преставува семејно насилство, кои се облиците на семејното насилство, но и мерките за заштита при постоење на некој од облиците на семејно насилство и постапките за нивно остварување. Во текот на средбите граѓаните беа запознаени и со достапноста на услугите за помош, заштитата и привремен престој на жртви на семејно насилство.
Притоа, особено им беше потенцирано за навремено и брзо пријавување во случај на семејно насилство на бесплатните телефонски броеви 112 и 192. При разговорите на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина на тема „Има помош за живот без насилство“ и „Имате право на помош, поддршка и заштита од насилство“.