31 мај 2024

СВР Битола со превентивни активности пред првоодделенците за побезбеден сообраќај

 Денеска (31.05.2024) во Битола, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола заедно со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола со првоодделенците од Oсновното училиште „Коле Канински“ од Битола реализираа едукативно - воспитна активност од областа на сообраќајот.

Притоа, на учениците им беше презентирана улогата на полицискиот службеник, сообраќајниот полицаец, опремата за работа, како и основните сообраќајни правила и прописи. Првоодделенците, исто така, беа запознаени со правилата во сообраќајот при преминување на пешачки премин, што означуваат боите на семафорот, а имаа несекојдневна можност и да ги разгледаат полициските возила.