Денеска (23.05.) во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот и Отсекот за превенција при СВР Битола ја реализираа превентивно - едукативната кампања „Стави појас“. Притоа, граѓаните беа информирани за потребата од користење на сигурносни појаси заради лична безбедност и заштита на возачот, но и за безбедноста на другите патници во возилото. Сигурносните појаси не се наменети само за возачот, бидејќи обврската се однесува и на сопатниците на предните седишта и на тие што седат на задните седишта, без разлика дали се движат во населено или надвор од населено место.
Денеска и полициски службеници од полициското одделение Новаци со учениците во Новаци реализираа едукативна активност од областа на сообраќајот. Тие ги запознаа децата од основното училиште „Славко Лумбарко" од Новаци со основните сообраќајни правила и прописи, како да се однесуваат како учесници во сообраќајот, односно пешаци. Исто така, на децата им беа објаснети и задачите и обврските на еден униформиран полициски службеник- сообраќаец, а дополнително им беа презентирани и полициските возила.