Вчера (21.05) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во Куманово со децата од предучилишна возраст при градинката „Синоличка“ во Куманово реализираа едукативна активност од областа на сообраќајот.
Полициските службеници ги запознаа децата со основните сообраќајни правила и прописи, како да се однесуваат како учесници во сообраќајот, односно пешаци. Исто така, на децата им беа објаснети и задачите и обврските на еден униформиран полициски службеник- сообраќаец, а дополнително им беа презентирани и полициските возила.