Во пресрет на претстојната летна туристичка сезона, денеска (21.05.2024) во седиштето на РЦГР Југ во Кавадарци се одржа работен состанок со претставници на дел од туристичките агенции кои најчесто организираат превоз на патници на јужната граница. На состанокот беа потенцирани мерките и активностите што ги презема граничната полиција со цел да се обезбеди побрз и поефикасен проток на патници и возила, а беше истакната и важноста на соработката меѓу полицијата и туристичките агенции. РЦГР Југ за време на летната туристичка сезона ќе преземе соодветни мерки за побрз проток на патници и возила со ангажирање на дополнителен број на полициски службеници на граничните премини, како и одредување на посебни ленти за туристички автобуси и воспоставени посебни процедури за патници кои патуваат организирано со туристички автобуси, со цел намалување на времето на чекање и побрз премин на организираните групи.
Претставниците на туристичките агенции ја изразија својата благодарност до раководството на РЦ ГР Југ за преземените мерки, изразувајќи комплетна подготвеност за натамошна соработка, се во интерес на граѓаните.