Вчера (16.05.2024) на Граничниот премин „Деве Баир“, полициските службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Деве Баир“ реализираа средба со учениците од Општинското основно училиште „Илинден“ од селата Жидилово и Узем, општина Крива Паланка.
Полициските службеници ги запознаа учениците за значењето и улогата на граничната полиција, подрачјето на граничниот премин, одредени одредби од Законот за гранична контрола кои се однесуваат на начинот и условите за преминување и обезбедување на државната граница, како и со одредени материјално - технички срества кои се користат на граничниот премин. Превентивната активност имаше за цел приближување на полицијата до граѓаните.