16 мај 2024

„Мојот полицаец“ – превентивна кампања на СВР Охрид

Во рамките на превентивната кампања „Мојот полицаец“, вчера (15.05.2024), деца од предучилишна возраст од централната детска градинка „Јасна Ристеска“ ја посетија Полициската станица за безбедност во сообраќајот - Охрид. Притоа, на најмладите им беа презентирани дел од опремата и материјално - техничките средства што ги користат сообраќајците во секојдневната работа, како и полициските возила и мотоциклите, што предизвика најголем интерес кај децата.

Низ разговор, полициските службеници на децата од детската градинка им објаснија колку е важно да се почитуваат сообраќајните знаци и како треба безбедно да се учествува во сообраќајот. Целта на превентивната кампања „Мојот полицаец“ е приближување на полицијата до децата како најмлада категорија на граѓани, развивање на нивната безбедносна култура, развивање на чувството на припадност и прифаќање на полицијата како нивен пријател. Во рамки на кампањата ќе бидат вклучени и деца од другите градинки.