Денеска (15.05.) Отсекот за превенција при СВР Велес организираше едукативно – превентивна работилница во средното општинско училиште „Кирил и Методиј“ во Неготино, а во рамки на кампањата за безбедни матурски прослави.
Притоа, на работилницата наменета за учениците од четврта година , односно матурантите, полициските службеници ги запознаа учениците со одговорностите како и со мерките и последиците од непочитувањето на законските правила и прописи, пред се од областа на сообраќајот и на јавниот ред и мир. Посебно внимание беше посветено на управувањето со моторни возила за време на матурските прослави.