Вчера (14.05.) во средното општинско училиште „Сами Фрашери“ во Куманово беше одржана едукативна работилница на тема „Безбедна матура- матура без автомобили“.
Со активноста посветена на темата околу безбедно одбележување на матурските прослави, матурантите беа запознаени со неопходноста од одговорно однесување, потоа за мерките и последиците од непочитување на законските прописи од областа на сообраќајот и од областа на јавниот ред и мир, а се со цел прославите да минат безбедно и мирно, пред се во интерес на младите.