15 мај 2024

Превентивни активности на СВР Битола

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола вчера (14.05) реализираа превентивно-едукативна активност со учениците од шесто и осмо одделение од основното училиште „Ѓорги Сугарев“ во Битола. Притоа, беа спроведени едукативни предавања на темите: „Кажи не на дрогата, да на животот“ и „Стоп за врсничкото насилство“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога.

Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците од насилството меѓу младите, и за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, опасностите што демнат односно како навремено да ги препознаат и превенираат.