14 мај 2024

Превентивна активност на СВР Велес за безбедни матурски прослави

Денеска (14.05.) Отсекот за превенција при СВР Велес организираше едукативно – превентивна работилница во средното општинско училиште „Киро Спанџов Брко“ - Кавадарци, а во рамки на кампањата „Безбедни матурски прослави“.

Притоа, на работилницата наменета за учениците од четврта година , односно матурантите, полициските службеници ги запознаа учениците со одговорностите како и со мерките и последиците од непочитувањето на законските правила и прописи, пред се од областа на сообраќајот и на почитувањето на јавниот ред и мир. Посебно внимание беше посветено на консумирањето алкохол и управувањето со моторни возила за време на матурската прослава, и опасностите и штетите што од тоа можат да произлезат.