12 мај 2024

Превентивна активност на СВР Скопје за превенција од пожари


Денеска (12.05.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ спроведе превентивно едукативна активност “Лето без пожари“ на подрачјето на општина Петровец. Основна цел на проектот е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Имено, за време на активноста беше посочено на опасноста и последиците од пожарите, а беше поделен и едукативен материјал.