Полициски службеници од СВР Битола во соработка со претставници на РСБСП во Битола, заедно со Отсекот за превенција, полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола и Факултетот за безбедност Скопје, вчера(10.05) го одбележа 11 мај – Денот на културата во сообраќајот при што на пешаците и возачите на моторни возила им укажуваа на потребата од поголема сообраќајна култура за побезбеден сообраќај. При реализација на активноста учество зедоа и учениците од сообраќајната и графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ од Битола.
Денеска, исто така и полициски службеници од ОВР Прилеп во соработка со станицата за технички преглед во централното градско подрачје низ Прилеп го одбележаа денот на културата во сообраќајот со делење на летоци со едукативна содржина.