04 мај 2024

„Заштитете се од џебни кражби“- превентивна активност на СВР Штип


Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи- Штип на 03.05.2024 на ул.„Сутјеска“, поточно на Градскиот пазар во Штип, спроведе превентивно-едукативна активност во рамки на кампањата на тема „Заштитете се од џебни кражби“, која се реализира со непосредни средби со граѓаните.


Притоа, на граѓаните им беше укажано како да се самозаштитат од кривични дела од типот на кражби, дрски и разбојнички кражби, измами и сл. Воедно, на жителите на Штип им беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред сѐ преку брзо и точно пријавување на бесплатниот телефонски број 112, при што им беа поделени летоци со едукативна содржина.