30 април 2024

Превентивна активност на ОВР Виница

Денеска (30.04.) на подрачјето на Полициската станица Виница, полициски службеници од ОВР Виница спроведоа превентивнa активност за превенција од пожари. Притоа, на граѓаните им беа поделени наменски изработени летоци со информации и совети- како и што треба да прават во насока на превенција од пожари. На граѓаните посебно им беше укажано да се воздржат од палење огнови на отворен простор, на ниви и во шумски подрачја, да не фрлаат неизгаснати догорчиња и пред се, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите.

Исто така, граѓаните беа запознаени и со законските импликации за намерно или ненамерно предизвикување пожар.