Денеска (26.04.) на Градскиот пазар во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР-Штип, во содејство со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип, спроведоа превентивна активност за заштита од имотни деликти.
Во текот на активностите на граѓаните им беа давани корисни совети за превенција од имотните деликти, а особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатнот телефонски број 112 , при што им беа поделени и летоци со едукативна содржина.