16 април 2024

„Стави појас“ - превентивна активност на СВР Велес

Денеска (16.04.), Отсекот за превенција при СВР Велес на подрачјето на општината Неготино реализираше превентивна активност под мотото - „Стави појас“, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците.

При превентивната активност на возачите, покрај укажувањата за почитување на сообраќајните прописи и правила, им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.