Вчера (15.04.) од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и полициски стандарди при МВР беа реализирани плански активности од областа на превенцијата од корупција, потоа заштитата на човековите права и јакнење на интегритетот на вработените во МВР.
Полициските службеници од ОВККИПС преку делење на информативен материјал изработен од страна на ЕУРОТИНК – „Центар за европски стратегии“ во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Делчево, потоа Полициските станици од општа надлежност Делчево, Македонска Каменица, Виница, и Кочани, како и одделенијата за управни работи Делчево и Кочани, ги запознаа граѓаните со надлежностите на Одделот и начинот на кој можат да ги остварат своите права при поднесување на претставки против вработени во МВР, доколку истите имаат сознанија за нивно коруптивно/казниво однесуваење или пак доколку граѓаните се жртва на незаконито и непрофесионално однесување од страна на вработени во МВР или им се повредени нивните слободи и права.