13 април 2024

Во Битола, Крушево и Ресен реализирани превентивни активности: за поголема безбедност во сообраќајот и за заштита од имотни деликти

Секторот за внатрешни работи Битола вчера (12.04.2024) во Битола и Крушево спроведоа превентивно - едукативна активност во рамки на кампањата ,,СТАВИ ПОЈАС“. На граѓаните и возачите, покрај поуките околу важноста на овој безбедносен сегмент во сообраќајот, пред сѐ во интерес на личната безбедност на учесниците во сообраќајот, им беа поделени превентивно - едукативни материјали со содржини за важноста од користење на сигурносните појаси, како и за последиците од повреда при сообраќајна незгода, а изработени во соработка со РСБСП.

Исто така, Отсекот за превенција во текот на вчерашниот ден во Битола реализираше превентивна активност под мото „Носи кацига-спаси живот“ наменета за помладите мотоциклисти. Дополнително, на подрачјето на Битола полициски службеници во централното подрачје на Битола и Ресен како и во околината на Градскиот пазар реализираа активност под мотото „Безбедна заедница - мирна заедница“, во насока на поголема заштита од имотни деликти: кражби, измами и разбојништва.