12 април 2024

Превентивни активности на РЦГР Исток

Вчера (11.04.) полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Исток и од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Делчево, во ООУ „Св. Климент Охридски“ во село Тработивиште, општина Делчево, одржаа едукативно предавање за учениците на тема : „Превенција од насилство, сајбер насилство и злоупотреба на социјалните мрежи“.

Учениците беа запознаени со формите и облиците на манифестирање на насилство помеѓу врсниците и онлајн насилството како и со последиците од вербалното, физичкото и сајбер насилство, односно како да се заштитат и како да пријават вакви појави. Покрај ова, во село Град, делчевско, полициските службеници преку непосредни средби и разговори ги запознаа жителите од овој реон околу штетите од пожарите на отворено, како и за законските санкции од предизвикување на пожари.

Во рамките на активноста на месното население им беа поделени летоци и плакати, изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“ кои ги содржат и телефонските броеви 112,192 и 193, на кои граѓаните доколку забележат чад или оган можат да се јават и навремено да ги информирааат надлежните институции.