10 април 2024

Превентивна активност на СВР Велес за побезбеден сообраќај



Денеска (10.04.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност за одговорно управување со моторно возило. Превентивната активност беше реализирана на автопатот „Пријателство“ на делницата Велес-Неготино, наплатна рампа „Виничани“ и на регионалниот пат Кавадарци-Неготино. Преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот им се укажуваше на обврската за безбедно управување со возило, задолжително носење на сигурносен појас и се потенцира заштитна улога што ја има сигурносниот појас при евентуално случена сообраќајна незгода. Исто така, беше укажано на ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило, како и останатите правила за безбедно управување со возило, во насока на подигање на свеста на учесниците во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. На возачите им беа поделени и летоци со едукативна содржина изготвени од РСБСП.