Денеска (09.04.2024) од страна на полициски службеници од ОВР Берово во централното подрачје на Берово беше реализирана превентивно-едукативна активност „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Превентиво-едукативната активност е реализирана со цел подигнување на сообраќајната култура и свеста на граѓаните за опасноста и последиците кои можат да настанат од користењето на мобилните телефони додека управуваат моторно возило. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци изработени од РСБСП.