Денеска (09.04.2024) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР-Велес со учениците од Државното средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес беше спроведена едукативна работилница на темите ,,Врсничко насилство“ и ,,Кажи не на дрогата, да за животот“. Притоа на учениците преку соодветно прилагодена презентација, како и практични примери од полициските искуства во работата со овие социо-девијантни појави, им беа претставени штетните последици од врсничкото насилство и зависностите, вклучително и законските последици што од нив произлегуваат, како и начините и методите за справување со овој вид на појави.
Исто така, во текот на денот на подрачјето на општина Кавадарци, во соработка со РСБСП, беше спроведена и сообраќајна превентивна едукативна активност под мотото ,,Паркирај совесно, паркирај одговорно", при што основна цел на активноста беше да се зголеми сообраќајната култура кај возачите по однос на правилното и прописно паркирање. Воедно, на граѓаните им се делеше едукативен материјал од областа на сообраќајот.