Денеска (07.04.2024) на подрачјето на општина Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Отсекот за компјутерски криминал спроведоа превентивно - едукативна активност во рамките на кампањата на министерството насловена како „Безбедна заедница - мирна заедница“ со посебен акцент за превенција од кривични дела од областа на компјутерски криминал „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Целна група беа повозрасните лица кои се полесна мета на измами и се недоволно упатени во функционирањето на социјални мрежи и начините на плаќање, на кои им се укажуваше и појаснуваше за формите на овие видови на измами, презентирани најчестите смс пораки со кои се повикуваат да платат мал износ парични средства за одреден продукт, а всушност се предмет на кражба на податоци од нивните платежни картички. Исто така, им беше укажано околу начините и постапките кои треба да ги преземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела.