На 03 и 04.04.2024 полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ИПА Скопје одржаа едукативни работилници на тема „Да ги научиме сообраќајните правила и знаци“ со дечињата од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ и ООУ „Љубен Лапе“ од Скопје. На работилниците, прилагодено на нивната возраст, на дечињата им беше објаснето значењето на сообраќајните знаци и како најбезбедно да се движат со цел да стигнат безбедно од училиште до дома и обратно.
Денеска (05.04.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од ПСОН Аеродром, спроведе сообраќајна превентивно едукативна активност под мотото “Паркирај совесно-паркирај одговорно" наменета за возачите. Активноста се спроведе на подрачјето на општина Аеродром, а основна цел на проектот е зголемување на сообраќајната култура кај возачите.