05 април 2024

Превентивна активност на ОВР Виница и Берово


Нa 04.04.2024 полициски службеници од ОВР Виница и ОВР Берово во содејство со ЈП „Национални шуми“ на подрачјето на Виница и Берово реализираа превентивно -едукативна кампања за заштита на шумите од пожари. На граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина, а воедно им беше укажано да не палат оган на отворено бидејќи огнот може да предизвика огромни штети и други несакани последици.

Исто така, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ОВР Виница во Основното општинско училиште „Кочо Рацин“- Блатец, одржаа едукативно предавање на тема булинг. Учениците беа запознаени со последиците од вербалното, физичкото и сајбер насислтво, како да се заштитат и како да пријават ваква појава.